Мицкоски: Во четиригодишниот мандат ќе покажеме дека можело да се работи чесно и честито

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при денешното свое обраќање пред граѓаните во Бутел се заблагодари  за се што граѓаните изминатите години правеа за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ.

-Имаше моменти кога се радувавме на победите, но знам дека имаше моменти кога достоинствено ги прифаќавте поразите и тагувавме, но сите она што нас не обединуваше беше љубовта кон Македонија, визијата, желбата, сонот каква држава сакаме да имаме и каква држава сакаме да оставиме на нашите наследници. И тоа е онаа вечна дилема која што може нашиот политички противник нема да не разбере бидејќи ние ја немаме истата таа желба, таа љубов кон татковината, кон Македонија. Ние не сме подготвени како нив да ја распарчуваат, срамат, омаловажуваат и пљачкаат сопствената држава, туку ние сме достоинствени и горди Македонци кои што си ја сакаат татковината и кој се подготвени за татковината да ја жртвуваат и последната капка пот за да може таа да успее, таква каква што ние сонуваме да биде, истакна Мицкоски.

При своето обраќање претседателот Мицкоски ги повика сите граѓани масовно да излезат на 15 јули и да го заокружат бројот 14 поточно да заокружат за иднината на Македонија онаква каква што сакаат да биде затоа што можеби ќе нема шанса за поправен овој пат.  Тој потенцираше дека ова не се обични избори, ова не се избори помеѓу политички партии, ова се избори на визија, на стратегија која што треба да обедини Македонци, Турци, Албанци, Власи, Бошњаци односно буквално сите да ги  обедини против они кои ја пљачкосуваат и ја направија Република Македонија држава на криминалци, држава полна со корупција.

-Многумина од вас беа брутално избркани од работа затоа што биле поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум за таа мака бидејќи таа е наша заедничка судбина и мака. Но, сите ние треба да се обединиме и да застанеме еден до друг. Ние сме се обединувале многупати во историјата до сега и сме победувале многу побројни и многу моќен противник од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.Кога јас требав на мојот народ, на мојата држава тогаш бев одлучен и храбар и се спротиставив на предизвикот затоа што верував во она што беше големо, а тоа беше сонот за онаа Македонија кава што сакаме да биде, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ќе дојдат политичките противници во Бутел и ќе зборуваат дека можат, но не направија ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот