Мицкоски: Во Брисел беа поразени арамилукот, неправдите и аферите, на изборите ќе победи обновата на Македонија

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба на вила Водно изјави дека неговата партија останува посветена на евроинтеграциите и дека никој од учесниците на средбата нема алтернатива за ЕУ и НАТО.

– Остануваме посветени на евроинтеграциите и за ова не постоеше дилеми – изјави Мицкоски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гарантира модерна европска политика за државата.

– Поразени се арамилукот и неправдите. На парламентарните избори ќе победи Обновата на Македонија – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е важно што бил утврден датум за избори, а персоналните решенија допрва ќе бидат предложени.

– Разговаравме и за резолуцијата на Бугарија, особено во оној дел за македонскиот јазик. Јас предложив да заземеме став дека тоа е уцена за Македонија и да подготвиме одговор за нив дека немаме намера да постапиме по барањата на нашиот источен сосед – изјави Мицкоски и додаде дека тој предложил во Собранието да се донесе резолуција со која државата ќе се спротистави на барањето на Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот