Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разгледува опции за коалиција со албанските партии

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Претседателот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдува дека размислуваат за коалиција со партии од албанскиот блок. Мицкоски потврдува и дека веќе разговарале со дел од партиите. За опозицијата не е исклучена можноста да се коалицира предизборно.

– Разговараме со многу политички партии и разговорите со политичките партии ќе продолжат. Доколку најдеме заеднички интерес, не гледам никаква преча да потпишеме договор и предизборна коалиција – изјави Мицкоски на новинарско прашање на прес-конференцијата.

Во ВМРО ДПМНЕ сè уште не одлучиле за конкретни имиња за техничката Влада.

За законот за јавно обвинителство, измените во изборниот законик и изборот на државен ревизор рече дека разговорите течат и оти е оптимист дека тие теми може да се затворaт пред предвремените парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот