Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова ќе победат денеска

По пет недели кампања во првиот и во вториот круг, по поминати повеќе од 13.000 километри можам да заклучам дека денеска граѓаните треба гласно да зборуваат со пенкалото во рака позади гласачката кутија дали се за ова секојдневие кое денеска за жал е власт предводена од Заев Зоран или, пак, за сето она што ние изминативе пет недели, но и изминатиов период, исто така, го зборуваме, а тоа е правдата што треба да ја победи целокупната неправда што денеска се случува во Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако гласаше на вториот круг од денешните претседателски избори.

Посочи дека денеска е свечен ден и покрај сите случаи на неправилности и нерегуларности за кои бил информиран денеска од терен. Најави дека партијата ќе има и неколку вонредни прес-конференции.

– Очигледно карактерот на властодршците на Зоран Заев не мирува. Сакаат на насилен пат да се избере претседател на Република Македонија. Имаме неколку случаи во Источна Македонија, кои ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција ќе и ги соопшти на јавноста. Но, и покрај сите тие злоупотреби и покрај сите тие притисоци и покрај сето тоа што се случуваше изминатите денови особено полициската опсада што беше реалност во Охрид и во Ново Село, изминатите неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова ќе победат денеска. Македонија денеска ќе ја добие првата жена за претседател на Републиката – додаде Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот