Мицкоски: Власта системски го уништува образованието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Меѓународниот ден на образованието на неговиот фејсбук профил денеска напиша дека нашата држава Денот го дочекува со 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери, штрајк на матурантите, „реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус, како и со обид да се укине предметот историја како посебен предмет.

Меѓународниот ден на образование, како што објави Мицкоски на ФБ, нашата земја го дочекува со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот, како и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.

– Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија. Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува. Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме, напиша на неговиот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот