Мицкоски: Власта сака да изгради ист Клинички центар како во Србија, но четири пати поскап

Христијан Мицкоски Фото: Facebook

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на Сител обвини дека власта сака да изгради идентичен Клинички центар како во Србија, но четири пати поскап.

-Новиот Клинички центар којшто практично очекуваат во септември во Србија да се изгради, кој веќе се гради, чија градба сѐ уште е во тек. Овој Клинички центар, којшто е идентичен на нашиот, со 1.000 болнички кревети, со 432 болнички соби чини, верувале или не, со дополнителни работи 125 милиони евра или четири пати помалку од оној Клинички центар којшто планира хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев да го изградат. Е сега, ако ова не е пљачка и криминал во најава, тогаш не знам за што навистина ние зборуваме, рече Мицкоски.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да разговара со власта за Законот за изградба на овој центар.

Според него, ако не бил поништен тендерот за изградба на Клиничкиот центар во 2016-та година, денес граѓаните ќе имале Клинички центар и реновирани клиники во Комплексот „Мајка Тереза“.

-За жал, трчајќи по провизии здравјето на граѓаните повторно се става на коцка и за жал, граѓаните кај нашиот северен сосед ќе имаат клинички центар којшто ние требаше да го имаме, а го немаме. Туку, имаме во најава пљачка од повеќе од половина милијара евра, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот