Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот врз Палевски

Христијан Мицкоски / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки. Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина- напиша Мицкоски.

Претепан активистот Љyпчo Пaлeвcки, лекарите се борат за неговиот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот