Мицкоски: Владата вели дека се е под контрола, а ништо не е под контрола

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно ги обвини Заев и Филипче за состојбата со коронавирусот во земјата.

Заев, Филипче баталете ПР…
Овде се работи за животите на луѓето. Македонија денес руши рекорди со црни биланси. 934 новозаразени, 420 заразени во Скопје.

Велите дека е под контрола, а ништо не е под контрола, велите дека превземате мерки, а ништо конкретно не се работи. Велите дека го заштитувате населението, а хронично болните и утре ги терате на работа и ги ставате под ризик нивните животи, велите дека се грижите за здравствените работници, а не им обезбедувате макар бесплатни тестови за #COVID, велите дека има услови за избори во Штип, а со сила креирате корона кластери.

Секој ден покажувате дека со оваа неспособна Влада дното одново се пробива, уште подлабоко. Ваквата неспособност не е повеќе за лутење, за жалење е.“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот