Мицкоски: Владата вели дека помогнала со една милијарда евра, но тоа е лага, помошта е многу помала

Во емисијата„Топ Тема“ вечерва гостуваше Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека владата на Зоран Заев лаже дека помогнала на граѓаните со милијарда евра, помошта за жал е многу помала.

-Сето она што беше соопштено на прес конференција од страна на Зоран Заев мора да биде испорачано. Затоа што испораката е многу важна. Ние можеме да си кажуваме многу работи, но доколку испораката изостане, тогаш попусто било тоа што сме го говореле. Вчера слушавме дека практично една милијарда евра е помошта, но тоа е она само што е кажано, а помошта во суштина на дело е многу помала- рече Мицкоски.

ММФ за Западен Балкан вели дека ја корегирала претпоставката за падот на економијата.

-Тезата дека мора да има пад во економијата ниту во минатото, ниту сега не ја негира. Прашањето е за што се трошат народните пари, ако вие имате реализација во првите три пакети од 195, 196 милиони евра, а биле предвидени 550. Истовремено државниот долг само во вториот квартал е зголемен за една милијарда евра, ако имаме на дневна основа троцифрена бројка на заразени од Кковид-19, затоа што никако не излегуваме од овој прв бран кој прогласивме дека сме го победиле во втората половина на мај, тогаш во четвртиот пакет очекувате дека ќе има реални мерки, а не ова што се понуди- рече Мицкоски.

Тој посочи дека допрва очекува реални забелешки.

-Забелешките ценам допрва ќе следат, зошто испораката е многу важна. Значи важно е дали и како ќе се спроведуваат мерките зошто овие до сега не беа реализирани- истакна Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот