Мицкоски: Владата веднаш да поднесе оставка

ф

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска уште еднаш побара оставка од Владата, откако Сашо Мијалков, за кого се тврдеше дека е во бегство, се појави во обвинителството за да го земе решението за домашен притвор.

– Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка веднаш, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук, по објавувањето на веста дека Мијалков сам дошол во обвинителството.

Претходно денеска Мицкоски, по повод бегството на Мијалоков, одржа прес-конференција на која побара оставка од Владата, во спротивно најави поднесување барање за изгласување недоверба на Владата во Собранието, а ги коментираше поврзаноста на Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и улогата на Мијалков, како и на премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот