Мицкоски: Уште пред да биде прогласена пандемија на коронавирусот предложивме сет мерки

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во контекст на улогата и активностите на партијата во врска со состојбата со корона вирусот, Мицксоки објасни и зошто прво барал кризна, а потоа вонредна состојба.

ВМРО-ДПМНЕ уште пред да се прогласи пандемија како партија предлагаше сет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните, но и за помош на економијата, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата Трилинг на 24 Телевизија.

Во контекст на улогата и активностите на партијата во врска со состојбата со корона вирусот, Мицксоки објасни и зошто прво барал кризна, а потоа вонредна состојба.

-Ние имавме состанок во владата организиран од техничкиот премиер. На тој состанок јасно и гласно кажав кои се нашите ставови за состојбата во тој момент, а истата во тој момент не беше ескалирана, немаше пандемија. Јас тогаш спомнав и за економските последици што ќе следат. На 26 февруари претседателот на Комисијата за здравство, Синиша Стојаноски имаше прес на кој предложи сет на мерки што треба да ги преземе државата. Тогаш немаше пандемија само беше прашање на ден кога ќе ескалира ситуацијата со корона вирусот, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека партијата многу порано, пред да се прогласи пандемија предлагаше сет мерки како здравствено-санитарни, така и економски.

-На средбата кај техничкиот премиер кога не беше прогласена пандемија, јас изразив загриженост за економските последици, а добив одговор дека јас не треба да се грижам и дека истиот ден ќе имаат состонок и ќе излезат со пакет мерки, посочи Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот