Мицкоски: Талат може дома да се однесува така своеволно, но не и во Собрание

Талат Џафери / Фото: Архива на „Слободен печат“

Вечерва во емисијата „Само Интервју” на Канал 5 телевизија, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека претседателот на Собранието не треба така да се однесува како што вчера се однесуваше.

– Пратениците не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на целата опозиција беа во салата и чекаа на дневен ред да биде 36 седница и да гласаат за сетот законони од петтиот пакет мерки. Талат Џафери треба да најде начин со сите пратенички групи да воспостави хармонија за да се реашватаат работите, а не вака, истакна Мицкоски.

Според него претседателот на Собранието Џафери, може дома да се однесува така своеволно, ама како претседател на Собрание треба да им служи на граѓаните.

– Работава не е игра, луѓето немаат плата земено, затоа требаше Џафери да го постави на дневен ред потребното, а не да игра политиканство. Закони кои сакаат да ги поминат на насилен начин, закони во кои не се прифаќа ниту еден амандман. Или договореното на координациите не коресподнира со тоа што се случува потоа, рече Мицкоски.

Тој укажа дека ако ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да поминат законите, немаше првиот човек да надлежната комисија пратеникот Тимчо Муцунски веднаш да најде начин да поминат законите на комисија.

– Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието, и Собарнието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека однесувањето на Талат Џафери не му приличи на еден претседател на Собрание.

– На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн. Кога они ќе имаат убедлива победа на избори и ќе имаат 80-90 пратеника поддршка тогаш можат вака да се однесуваат. Со 60 – 62 ќе седат и ќе разговараат со опозицијата и тоа е улогата и на Талат Џафери, ако не ја знае. Таа му е улогата. Да, тешко е, но за тоа имаш привилегија да те возат од одма секое утро и да те собираат од одма и да те развозуваат со ротациони возила, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека наместо да вика по пратениците во Парламентот и фрустрациите да покажува, Џафери треба да најде решение.

– Никој не му се плаши. Ако мисли дека некој му се плаши, никој не му се плаши. Со дерење таму никој не му се плаши и треба да знае, рече Мицкоски.

ВИДЕО | Џафери збесна во Собранието: Не јадам слама, не работам во кладилница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот