Мицкоски: Со замрзнат имот, не можеме да обезбедиме нормално функционирање на партијата

Гостинот во емисијата „Што не е јасно? “ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини за поткуп преку институциите со домашните платежни картички и проектот зелена нафта.

-Се обидов да објаснам како е вршен поткупот. Прво преку институциите, со картичките за надминување на кризата, околу 300.000 граѓани добија картички со различна вредност. Според зборовите на ресорниот министер се работи за 28 милиони евра кои се поделени, а се делеа и на денот на изборите, односно буквално до вторникот, па продолжија во четвртокот. Тука е и проектот зелена нафта за земјоделците и некаде нашата проценка е околу 10 милиони евра се поделени како пари на рака на целата територија на земјата. Има пријави на лица кои вршеле поткуп. Знам дека јавноста ќе праша зошто ова не сум го кажал на време. Ние одлучивме да се бориме витешки и не сакавме да оставиме дамка во евроинтегративните процеси на земјата. Станува збор за девијантно однесување и поткуп незабележан до сега во светски рамки, рече Мицкоски.

Сепак и покрај тврдењата дека е вршен поткуп, ВМРО-ДПМНЕ до ДИК има поднесено само 2 приговори, а ниту еден до МВР, иако таму имаше поставено негов кадар.

Лично чувствувам одговорност, но ги ставивме на прв план државните интереси. ВМРО-ДПМНЕ втор пат во ред влегува во избори каде партискиот имот е замрзнат. Со тоа не можеме да обезбедиме нормално функционирање на партијата. Ако немате финансирање партијата е подложна на поткуп и корупција.  Во 5 до 12 се измени Изборниот законик, со кој на опозицијата беа определени 3 минути по час, додека пак владеачките до 6 минути. Сето ова практично не доведе во подредена положба. Самото тоа беше скандалозно. МВР поднесе десетици пријави до ОЈО, да почекаме да видиме дали ќе бидат процесуирани. ДИК секогаш е надгласана, што и да направеше било кој член беа надгласувани, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот