Мицкоски: Случајот Рашковски го нацртав утрово, тоа е случај кога се оди на суд со рацете во џеб

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонија е практично мала земја и сѐ се знае. Неколку дена однапред се најавуваше дека ова ќе се случи. Тоа уште започна со сценариото со неговата од кабинетот на Заев, како негов соработник или советник, што и да е таму. Па се шпекулираше дека ќе заврши само со одземена патна исправа, па како поминуваат деновите велеа дека ќе добие куќен притвор. Еве доби куќен притвор, јас го најавив. Може и да ви кажам и чекор понатаму што ќе се случи. Еве можеби ќе се прошири со дополнителни две обвиненија неговата пријава, па можеби ќе биде променета оваа мерка притвор, наместо куќен да биде ефективен, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при гостување во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека, како што разбрал, и обвинителството се жали на одлуката на судот.

– Во текот на утрото јас објавив еден статус на социјалните медиуми, каде што кажав дека практично пријателите и соработниците на Заев на распит се носат со рацете во џеб, а сите оние коишто Заев ги смета за свои непријатели и противници им се ставаат лици на рацете, појасни Мицкоски.

Обвинителството ќе поднесе жалба за мерката куќен притвор на Драги Рашковски

Судот му одреди куќен притвор на Драги Рашковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот