Мицкоски се сретна со Јанша во Љубљана: Поддршка од Словенија за евроинтеграцискиот процес на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка што земјава ја доби од Словенија во рамките на евроинтегративниот процес, недвосмислената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и улогата која што како најголема политичка партија ја има ВМРО-ДПМНЕ.

– Заклучивме дека во периодот што следува уште повеќе ќе ги надополниме и интезивираме врските меѓу двете сестрински партии ВМРО-ДПМНЕ и Словенечката Демократска Странка, најави Мицкоски по средбата со Јанша на која го придружуваше потпретседателот на партијата Александар Николоски.

На средбата, како што истакна лидерот на опозициската партија, било разговарано за актуелните случувања во нашата земја со главен фокус на корупцијата и невладеењето на правото.

– Зборувавме и за начин со кој овде во Словенија се справуваат со најголемиот предизвик можеби на човештвото во овој момент, а тоа е ковид-19 пандемијата, но и резултатите и би рекол нерезултатите што ги спроведува нашата влада во рамките на справување со пандемијата во Македонија. Зборувавме за рецесијата за тешката економска ситуација во Македонија. Морам да признаам дека и овде во Словенија се чувствуваат економските последици предизвикани од ковид-19 пандемијата, но далеку не се такви какви што тие се девастирачки во нашата земја во Македонија, поради неспособноста и немањето јасна визија и креатива како се справиме со таа економска криза, рече Мицкоски.

Мицкоски во Словенија имаше средба со премиерот Јанез Јанша, кој истовремено е претседател и на Словенечката демократска странка, најголемата партија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската Народна Партија. Претходно, Мицкоски беше на средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан и Оливер Вархеји, кој во моментов е комесар за проширување, а доаѓа од партијата на Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот