Мицкоски: Самиот амбиент, да си затворен дома, да ти е ограничено движењето создава психолошки товар кај секоја индивидуа

Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Треба да се обединиме, да бидеме едногласни, да кажеме луѓе ова не е политика, ова е над сите нас, и на оваа тема треба да се поставиме надпартиски- рече Мицкоски.

Неодамна во едно интервју ги споменав ефектите кои ќе ги има пандемијата со коронавирусот врз личното здравје на граѓаните, во делот на менталното здравје, рече претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Телевизија „Телма“.

-Самиот амбиент, да си затворен дома, да ти е ограничено движењето, околината, луѓето со кои се создава комуникација, создава психолошки товар кај секоја индивидуа. Важно е дека пандемијата воопшто не е завршена, таа се уште трае, СЗО ја продолжи пандемијата за дополнителни три месеци, тоа како социолошки феномет ќе остави последица врз менталното здравје на луѓето, но замислете сега што ќе се случува, дали овие што форсираат брзи избори го имаат анализирано фактот дека кога ќе се отворат границите во светот ќе имаме стотици „Вухани“, стотици жаришта кадешто практично се уште имаме илјадници луѓе кои се излолирани, на респиратори. Дали сме подговтени на таков ризик, да ни се случи тоа, во екот на кампањата или на две три недели пред гласање да се плашат луѓето да излезат на улица или пак да не слушаат нас- вели Мицкоски.

Сè е ова константи во равенката, вели Мицкоски, кои треба да ги предвидиме отсега.

-Треба да се обединиме, да бидеме едногласни, да кажеме луѓе ова не е политика, ова е над сите нас, и на оваа тема треба да се поставиме надпартиски- рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот