Мицкоски: Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие за власта и мора да запре

Фото: facebook/printscreen

Овој политички прогон, кој се случува поради немоќта на власта, мора веднаш да запре. Власта е во паника дека се ближи денот за соочување во лице со вистинската, чиста правда, меѓутоа ова што го прави, македонскиот народ не го заборава и ќе ја казни час поскоро, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот протест со автомобили низ Скопје.

– Македонија стана земја на криминалци, на мафијаши на власт и на неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие за власта, која го прикрива стравот од казната што и следува од народот. Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност, истакна опозицискиот лидер.

Автомобилски протести попладнево, освен со Скопје, се одржаа и во Куманово, во Прилеп, во Битола, во Штип, во Велес и во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот