Мицкоски: Приоритет е здравјето на граѓаните, критикувањето го оставаме за други времиња

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сите едногласно одлучивме дека здравјето на граѓаните е над се. Она за кое што се разви дилема беше да се најде правна основа како тоа да се реализира. Тоа што беше став на ВМРО-ДПМНЕ е да се почитуваат Уставот и законите, изјави по денешната лидерска средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Сите едногласно одлучивме дека здравјето на граѓаните е над се. Она за кое што се разви дилема беше да се најде правна основа како тоа да се реализира. Тоа што беше став на ВМРО ДПМНЕ е да се почитуваат Уставот и законите. Имаше неуставни предлози да се свика Собранието како во минатото, но тоа не е одговара со денешната реалност. Тогаш одлуката на Собранието беше со одложено дејство. Нашиот став е дека е потребно после лидерската средба да се формира експертски тим кој ќе донесе правен фундамент за одложување на изборите. Вториот заклучок е дека ВМРО-ДПМНЕ е дали да има кризна или вонредна состојба. Уставот предвидува вонредна, но не и кризна состојба. Вонредната состојба не е регулирана со закон, односно што би значело тоа и кои се чекорите. Постои закон за справување со кризи, како што беше за поплавите во Скопје. Можеби треба експертите најпрвин 30 дена да прогласат кризна состојба потоа да се примени прогласување вонредна состојба. Генерално тука би го заклучил тоа што ние како партија го имаме, остануваме на нашите ставови – приоритет е здравјето на граѓаните, предупредувавме на сериозност.

Јасно треба да се следи она кое државата како препорака го дава, само на тој начин може да се намалат нови ризици. Секундарно справување значи и справување со економската криза за која апелиравме пред 7 дена. Тогаш имавме пасивност од Владата. Сега гледаме дека претставници на некои политички партии велат дека дојде денот кога треба да се интервенира. Истовремено предложивме низа мерки кои значат превенција и справување со кризата. Немаме мерки на поедини општини. Остануваме фокусирани. Оставаме на Владата тие да ги применува мерките кои ги предлагаме. Нема да критикуваме тоа ќе го оставиме за други времиња – изјави Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот