Мицкоски предложи мерки со кои ќе се помогне и на вработените и на стопанствениците

Мицкоски додаде Владата треба да е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик Плус” предложи два столба на мерки со кои ќе се помогне и на вработените и на стопанствениците.

– Битката на економски план треба да се води во два столба. Првиот столб е да се обезбедат сопствениците на бизнисите односно да се обезбедат самите бизниси. А, потоа да се обезбеди ликвидноста на буџетот- истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде Владата треба да е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе.

– Кога зборуваме за половина од трошоците тука пред се мислам, не за трошоците кои се однесуваат на придонесите туку трошоците и за личниот доход. Значи ние зборуваме за бруто трошоци по вработен. Тука државата мора да донесе мерки и да обезбеди средства каде што ќе поднесе најмалку 50-тина проценти- појасни Мицкоски.

Мицкоски вели дека Владата денес не покажала сериозност и ниту една од презентираните мерки не била од круцијално значење за македонското стопанство кое се соочува со сериозни проблеми.

– За жал она кое што го видов утрово, а кое што беше презентирано на таа пресконференција посебно во делот ќе ги частиме компаниите, навистина претставува едно непримерно однесување на луѓе кои што во овој момент треба да се однесуваат сериозно, имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата- вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека здравјето на граѓаните е пред се и над се и да се бориме да го сочуваме здравјето на граѓаните.

Тој изрази благодарност и на лицата кои се во првите редови со справување на епидемијата, но и упати апел и до властите да ги разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Не ги отфрлајте предлозите, затоа што Мицкоски ги дал предлозите или ВМРО-ДПМНЕ, разгледајте ги и ќе најдете квалитетни предлози, бидејќи знаеме како треба да се справуваме и знаеме дека можеме ова да го пребродиме заедно- рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот