Мицкоски: Потребни се реформи, има надеж да седнеме на маса со државниот врв

Фото: Слободен печат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски рече дека за недобивањето на датум за преговори е виновна власта но сепак има иднина и надеж дека состојбата може да се подобри.

– Одлуката за недобивање датум е пораз на политиката на владата. ЕУ продолжува да биде наша стратешка цел, а нема датум зошто нема реформи, зошто народот живее тешко и имаме систем во распаѓање и власт која не испорачува тоа што треба. Оваа влада носи перманентно лоши одлуки. Но не смее ова разочарување да го храниме со други лоши одлуки – рече Мицкоски.

Тој рече дека СДСМ ги рушеа преговарачките позиции за да може подолго да останат на власт.

– Нема да кажувам кој е крив. Не е време ниту за маскирање на неуспехот. Секое лошо за добро да е вели народот и јас во тоа верувам. Ова е почеток на промените што треба да се случат и нема време за губење. Македонија нема време да загуби нити еден час повеќе. Оваа власт ќе биде заменета и ќе потоне во заборав. Предвремени избори се единствено одржливо решение. Но не сакаме избори заради избори и гола власт. Но не сакамВМРО ќе предложи план овие реформи да ги спроведе влада составена од силни индивидуи. Повикувам на средба на државниот врв на која ќе се дискутира за сето тоа. Изборите се важни, но не по секоја цена да се дојде на власт. Има надеж и Македонија ќе успее – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот