Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше во изминатите три години. Додека се намалуваше продуктивноста на работникот се зголемуваа примањата, бидејќи се интервенираше со некои репресивни методи кон бизнис заедницата. И на тој начин се намалуваше продуктивноста, се зголемуваше практично платата, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што гостуваше во емисија на телевизија 24.

-Не, ние зборуваме за природен раст на вработеноста и природно намалување на невработеноста. Но знаете во економијата а и искуството тоа го вели за да имате здрава и да имате силна економија, и да дојдат луѓе кои што ќе инвестираат во државата или домашни инвеститори кои што ќе инвестираат во производни процеси треба да имате функционална правна држава, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде ако луѓето се чувствуваат дека нема правна сигурност за нивните инвестиции, ако гледаат дека внатре во државата системот не функционира во правна смисла на зборот тогаш тие нема да се чувствуваат комотно и нема да инвестираат во државата. Затоа правната сигурност и правна држава се главен предуслов за здрава економија.

-Главен предуслов е да имаме функционална правна држава, нешто што за жал изминативе 30 години полека се конвертира од некои транзициони времиња, па потоа прејдовме во т.н. Сваровски судство денеска е Луј Витон судство и обвинителство, сето тоа создава една голема мешаница и луѓето не се чувствуваат сигурно да инвестираат- појасни Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот