Мицкоски: Потребна е праведна држава со можности за сите граѓани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати честитка за Курбан Бајрам.

– Дозволете ми во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам празникот Курбан Бајрам. Ова е празник кој ги потенцира човечките вредности и кој не учи на солидарност, хуманост и заедништво. Воедно, Курбан Бајрам ги истакнува меѓусебното почитување и разбирање и не обединува во стремежот за градење на заеднички живот и просперитет во нашата држава. Република Македонија има вековна традиција на соживот, толеранција и помагање помеѓу различните верски групи. Тоа се вредностите кои ние мора да им ги пренесеме и оставиме на идните генерации, бидејќи само така ќе продолжиме да градиме благосостојба, но и напредок во нашето општество. Во овие тешки моменти и предизвици со кои се соочува нашата држава сите граѓани подеднакво ги чувствуваат последиците од неспособноста, алчноста, расипништвото, лагите и нереализираните ветувања и очекувања. Наместо проекти кои ќе го подобрат животот и стандардот на граѓаните, секојдневно гледаме криминал, корупција, понижување и погазување на достоинството на секој еден граѓанин на Република Македонија, вели тој.

Додава дека неопходно е да се почитуваме и помагаме, и заеднички и обединети да упатиме порака дека потребно е создавање на праведна држава која подеднакво ќе ги почитува своите граѓани и ќе креира можности за напредок за доброто на нас и на нашите идни генерации.

– Нека годинешното празнување на Курбан Бајрам ви помине во спокој, мир и хармонија и ви донесе среќа и радост кои ќе ве следат целиот живот, Вас и вашите семејства, ја завршува честитката Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот