Мицкоски: Пописот се турка насилно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Дневникот на ТВ Сител истакна дека пописот се турка насилно и дека станува збор за политичка операција.

– Насилно се турка целата работа затоа што станува збор за политичка операција, а не за статистичка. Ние сме на страна на граѓанството, тоа е различна страна од Владата која се обидува да го презентира ова како национална тема и како некој бил против правата, но суштината е дека ние сме на страната на она што треба да даде одговор за тоа како Македонија треба да се развива во иднина, вели Мицкоски.

Мицкоски критикуваше дека владиното мнозинството во собранието сака на сила да го мине законот за попис, но како опозиција нема да дозволи и ќе се спротивстави  на оваа политичка операција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот