Мицкоски: Овие што прават трговија со дрога е војската на Заев која поткупува на избори

Зоран Заев, Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат, колаж

Зошто баш неговиот возач и зошто баш марихуаната е поврзана со семејството Заеви. Ние не сме 200 милиони држава, ние сме два милиони луѓе, сѐ се знае. Ние за самиот проект со марихуаната одамна предупредуваме уште од самиот почеток дека Македонија ќе стане наркохаб во Европа. Давани се лиценци 20-30 ги има може и повеќе. Тоа е лудило. Еве ќе ви дадам два одговори. Пред некој ден бев во МАСИТ и навистина ме воодушевија неколку бројки, да речеме годишно компаниите односно бизнисот со икт индустријата во Македонија направиле обрт една милијарда евра извоз, Зоран Заев споменуваше бројка дека сите овие компании ќе бил околу 200 милиони евра. Мислам дека треба нив да ги стимулираме и да видиме што им треба, да им помогнеме на овие луѓе. Таму ни дрога има, ни опојни дроги има, ни загадување – ништо нема, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во емисијата „Само Интервју”.

Мицкоски во своето гостување посочи дека луѓето кои се денес во Влада ова не можат да го разберат и дека овие луѓе кои прават трговија со дрога е војската која потпкупува на избори.

– Овие лица коишто се денеска во Владата не можат тоа да го разберат затоа што ние на овие избори предупредуваме за тој командир на полицијата во Прилеп со што се занимава и како се занимава, тоа е војската на Зоран Заев којашто на избори заплашува, притиска, уценува и поткупува во униформа. Овие луѓе се тие кои поткупуваат на избори, коишто се закануваат, оценуваат и притискаат, додаде Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот