Мицкоски: Ова е време кога Заев се ослободува од поткуп

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Се сеќавате, 500 евра плата, 500 км автопатишта, 100 илјади денари плата за докторите, нов Студентски дом и нов Клинички кои ги нема. Чист алпски воздух кој исто го нема, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Ова е време кога Заев се ослободува од поткуп, гледаме како премиер се фали дека спонзорирал и знаел за рекет машинеријата на Јовановски, кога осудени криминалци се пуштаат на слобода. Кој одговараше овие три години додека Заев е премиер? Криминалците направија сојуз со власта, слугите на Заев си ги заштитија бизнисите преку тоа партнерство- рече на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ова е време кога на површина излегуваат сите лаги на кои Заев правеше кариера. Ова е време кога го пуштија Игор Спасов. Нема правда ниту мир. Додека на родителите на децата од монструм Заев им ветуваше вистина, ги пушташе нивните убијци на слобода. Ова се три години без иднина. Вратите на Европската Унија не само што не ги отворија, туку со неправдите не оддалечија. Секој ден сме се подалеку зошто немаат ниту една вредност која е европска. Планови како 3-6-9 и слични бројки остануваат само како срамни бројки кои сведочат за неуспехот на Заев. Повеќе од 200 илјади луѓе си заминаа за три години, затоа што овде животот на Заев не го најдоа и си заминаа, се отселија- рече Мицкоски.

Ова се три години на лаги и неисполнети ветувања, додаде тој.

-Се сеќавате, 500 евра плата, 500 км автопатишта, 100 илјади денари плата за докторите, нов Студентски дом и нов Клинички кои ги нема. Чист алпски воздух кој исто го нема. Нема да редам повеќе, сите нив ги знаете, и нема да им биде тешко повторно да лажат, но сега веќе имате искуство и знаете дека од овие ветувања нема апсолутно ништо. Сега вие одлучувате и знаете што треба да направите. Да ги поразиме заедно- потенцираше Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот