Мицкоски: Огромен број наши сограѓани денеска се прашуваат зошто Јанева не е во притвор

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по повод втората снимка за случајот „Рекет“, која утрово ја објави италијанскиот весник „Ла Вертита“.

Мицкоски на Фејсбук пишува дека сега „многу граѓани се прашуваат зошто Катица не е во притвор“, а се навраќа и на тоа дека Заев рекол оти „Катица Јанева е добар човек со капацитет“.

„Додека се приведуваат политички неистомисленици, со цел да се купи летниот период со некаков активизам, огромен број наши сограѓани денес си го поставуваат прашањето зошто се уште Катица Јанева не е во притвор? Зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит? Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал. А зошто премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот“, пишува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посебно зборува за „капацитетот на квалитетите на Јанева“, бидејќи во втората објавена снимка може да се слушне и нејзиниот глас.

„Но денес, прашањето е дали сѐ уште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е“ , наведува Мицкоски.

Кога излезе аферата "Рекет" зборував дека имаме работа со криминален октопод. Денес е совршено јасно дека е така, и тоа…

Publiée par Hristijan Mickoski sur Vendredi 9 août 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот