Мицкоски од Охрид ја промовираше новата политичка стратегија – „Македонија за сите луѓе“

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 31. партиски роденден во Охрид ја промовираше новата политичка стратегија.

– „Македонија за сите луѓе“ е новата политичка стратегија, светоглед со кој ќе дејствуваме, силата која ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои ја сакаат Македонија и животот го гледаат овде. Време е да зборуваме за иднината, да се крене земјава од оваа национална и економска девастација. Македонија на е на касти, клики и слоеви, туку на сите македонски граѓани, кажа Мицкоски.

Во својот говор упати критики кон владејачката партија укажувајќи дека со новата стратегија на партијата младите ќе се задржуваат во земјата.Тој нагласи дека Македонија е многу повеќе од една или две партии, од една генерација или повеќе генерации политичари. Мицкоски кажа дека Македонија е заедничката покривка околу која сите се обединуваме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот