Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, напиша на фејсбук лидерот на опозицијата Христијан Мицоски.

-Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува. Та нели се беше во главата на вморвците? Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес. Заев е проблемот, а народот е одговорот- стои во објавата на Мицкоски.

Без резултати заврши дводневната 11 средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, информираа на денешната онлајн прес-конференција копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров.

Нема никаков напредок, Цар Самоил „кочи“: Не е постигната согласност за учебниците по историја за 7 одделение

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот