Мицкоски од Кочани: Во програмата ветуваме 640 милиони евра за земјоделците (ВИДЕО)

Денеска сме во изборна единица 3, започнуваме од Кочани и продолжуваме понатаму во Чешиново-Облешево, потоа во Зрновци, од Зрновци во Виница и потоа повторни се враќаме вечерва на мини средба со граѓаните  овдека  во Кочани, се обрати Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Од она кое што досега го разговарав со жителите на Кочани можам да кажам дека ниту овде во Кочани не останала незабележана во негативна смисла тригодишната пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Тешко се живее, мачно се живее, лоша економска, социјална па и здравствена ситуација и овде во Кочани, луѓето ги чувствуваат последиците. Така што ценам дека сето она кое што е секојдневие насекаде во Македонија не го заобиколило ниту пак  Кочани, затоа ВМРО-ДПМНЕ и победничка коалиција За обнова на Македонија ќе се обиде во овој пред изборен караван да ја претстави својата програма, да ги претстави политиките, проектите, плановите кои што во следниот четири годишен мандат планира да ги спроведе ширум целата држава. Се разбира овдека во Кочани и кочанско можеби некако најмногу доминира интересот поврзан со земјоделието, редовната исплата на субвенциите, навремениот откуп, откупот по прифатлива цена за земјоделците да се плати на време, да се плати онака како што треба маката и трудот на земјоделецот, на честитиот и чесен земјоделец- рече Мицкоски.

-Она кое што ВМРО-ДПМНЕ го планира во програмата се минимум 640 милиони евра субвенции за земјоделците во еден четиригодишен мандат, обновување на водоводната инфраструктура во делот на наводнувањето на земјоделските насади. Голем дел од проектите кои што ги планира ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе бидат претставени овдека во Кочани. Вие знаете дека ние внимателно го создадовме, а во вторникот ја промовиравме практично онаа наша читанка наречена „Проект обнова“ каде што има повеќе од 1000 проекти на 360 страници, учествуваа многу автори и од земјата но и од странство, луѓе кои што се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, луѓе кои што и не се партиски определени но ете сакаа да додадат вредност на таа читанка- рече Мицкоски.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот