Мицкоски од Гевгелија: Дојде време да ги поразиме СДСМ

Мицкоски посочи дека е тука да поразговара со граѓаните и стопанствениците, пред нив да ја презентира прогарамата „Обнова на Македонија” како и за проектите за регионот но и целата држава за наредните четири години доколку владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денешниот престој во југоисточниот регион го почна од Гевгелија со посета на фабриката за производство на ПВЦ цевки „Конти Хидропласт” која е извозно ориентирана фабрика со висок рејтинг во земјава и регионот.

Мицкоски посочи дека е тука да поразговара со граѓаните и стопанствениците, пред нив да ја презентира прогарамата „Обнова на Македонија” како и за проектите за регионот но и целата држава за наредните четири години доколку владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

-Цениме дека во овој крај ништо не е направено, а овој крај во изминатите повеќе од три години за кого сметаме дека е жртва на погрешните политики на раководството на СДСМ предводено од Зоран Заев, рече Мицкоски.

Тој истакна дека во минатото од ветеното на претходните парламентарни избори во 2016 и локалните во 2017 година ништо не е испорачано и дека овој народ заслужува многу повеќе поради што се надева дека СДСМ да бидат поразени на изборите на 15 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот