Мицкоски од Чешиново-Облешево: Лагите на Зоран Заев и неговите функционери не успеваат никаде

Фото: МИА

Мицкоски посочи дека поради ветувањата кои не ги исполни му се ближи крајот на Зоран Заев, бидејќи, како што рече, граѓаните паметат се.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со носителот во третата изборна единица Игор Јанушев ја посетија општината Чешиново – Облешево, од каде порача дека на 15-ти јули доаѓа крајот на Зоран Заев и СДСМ.

– Потребно е на 15-ти јули да излеземе масовно, да се заштитиме најпрвин себеси, да ги заштитиме и тие кои што ќе дојдат со нас. Да излеземе масовно и гласно да зборуваме позади параванот. Да го заокружиме бројот 14, да го заокружиме името на Игор Јанушев, носителот на листата на победничката коалиција. Тоа е последната битка која не чека – изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека поради ветувањата кои не ги исполни му се ближи крајот на Зоран Заев, бидејќи, како што рече, граѓаните паметат се.

– Веќе лагите на Зоран Заев и неговите функционери не успеваат никаде. Зоран Заев треба да научи дека со народот нема играње, народот дава но и зема, порача Мицкоски од Чешиново – Облешево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот