Мицкоски: Очекуваме да добиеме датум за почнување на преговори со ЕУ

Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната средба со граѓани во Општина Кисела Вода, потенцираше дека тој и неговата партиа очекуваат добивање на „чист датум за преговори со ЕУ“.

– Очекуваме се разбира тоа што цело време го зборуваме, да добиеме чист датум за отпочнување преговори со ЕУ – одговори Мицкоски, иако, како што, рече оваа влада најмалку го заслужува тоа.

Сепак, според партискиот лидер, граѓаните на Македонија и државата заслужуваат таква разврска.

– Сè што е надвор од тоа да биде чист датум за отпочнување преговори ќе биде неуспех за оваа влада и голем неуспех и делегитимирање за политиките на Зоран Заев и коалицијата што ја предводи тој – оцени Мицкоски.

Тој додаде дека иако голем дел од јавноста можеби очекувал поагресивно политичко однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партијата била свесна за државниот интерес и европерспективата на земјата.

– Државниот интерес и она коешто се вели европреспектива за сите граѓани во Република Македонија за нас беше врвен приоритет и еве како што гледате денеска ден спроти последниот ден кога ќе се одлучува за тоа дали Македонија ќе добие чиста препорака, нема да добие воопшто препорака или некое меѓурешение, ВМРО-ДПМНЕ е резервирано и апелира да се добие чист датум за отпочнување преговори со Европската унија“, изјавил Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот