Мицкоски очекува и посакува предвремени парламентарни избори

Очекувам и посакувам предвремени избори затоа што тоа е единствениот начин да провериме дали Македонија блеска или пак она што ние како опозиција го говориме дека не само што не блескаме, туку одиме се позабрзано во амбисот, порача вечерва од Струмица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија- проблеми, решенија и програма”.

Додаде дека некој се плаши од едно такво соочување со граѓаните и посакувал, како што рече, што подолго да остане на политичката сцена, што повеќе да ги користи привилегиите, што повеќе да ги злоупотребува тие привилегии во лични цели и затоа предвремените парламентарни избори за Македонија се неопходни сега и веднаш за да може да се определи вистинската траекторија на иднината на татковината, а не таа замислената.

Во обраќањето пред граѓаните во Струмица, Мицкоски се осврна на многу прашања и повеќе наврати потенцираше дека во Струмица ќе дошле како победници по следните предвремени парламентарни избори и ќе побарале отчет и одговорност за сето тоа што се случувало изминативе години.

Прочитајте и...  Меркел: Убиството на Џорџ Флојд е многу страшно

-Треба да одговарат каде отидоа десетиците милиони народни пари на струмичани, но каде отидоа и милијардите кои што ги потрошија во буџетот веќе трета година по ред. И тогаш ќе има одговорност, тогаш нема коалиции за хотели, за бизниси со лотарии, тогаш нема тоа да го има, туку сите тие од прв до последен, јас ви ветувам, дека ќе одговараат – рече Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициска партија потенцираше дека заедно со народот нема да дозволат никаков постизборен инженеринг на наредните избори и дека власта не исполнила ништо од ветувањата.

-Порано велеа и се жалеа дека имало „сваровски судство”, а денеска како судство имаме-„куфер судство”, „луј витон судство”, за такво ли судство се боревме? Тоа ли беше целта на „нема правда-нема мир”, за да можеме да ги полниме сопствените џебови со арам пари од граѓаните. Зата ли се бореа луѓето? Затоа ли ги лажаа луѓето да шараат и да уништуваат државен имот, да кодошат и да пишуваат депеши по странство само за да може да се завалат во кожните фотелји, за да можат да ги газат тие дебели персиски килими во Владата и попатно да ја распродаваат и она малку гордост и достоинство што остана по потпишувањето на разно-разни договори, се разбира најмногу од се да пљачкаат – праша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прочитајте и...  Портпаролката на СДСМ е негативна на тестот за Ковид-19

Се закани дека каде и да избега некој ќе го најдат, а во моментот разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е 100 илјади гласови разлика според последните бројки кои ги добил Мицкоски и заради тоа власта не распишувала избори.

-Имам најави дека најголем дел од нив се подготвуваат да ја напуштат Македонија по некои други држави и дури подготвуваат терен таму, но треба да разберат дека и таму ќе ги најдеме, каде и да одат таму ќе ги најдеме, а неправдата мора да ја исправиме – додаде Мицкоски.

Тој на крајот ги презентираше мерките од нивната програма кои ќе ги спроведе во првите сто денови владата на ВМРО ДПМНЕ. Вети дека ќе го врателе повторно „рамниот данок”, ќе изнашле решение за најголемиот дел од проблемите на земјоделците, ќе почнел проектот како да се најде синергија меѓу инвеститорите, меѓу науката и образованието и бизнисот, а ќе отпочнеле и со рестартирање на проектите кои ги затворила актуелната власт и ќе значат подобрување на условите и животната средина, притоа напаѓајќи ја мерката за субвенциониарње на клима инвертери во четири градови во државата и дека со таа мерка се обидуваат да поткупат 10 илјади семејства.

Прочитајте и...  Ахмети: Време е за прв албански премиер во земјава

Прочитај повеќе

Ердоган го послуша народот- нема полициски час за време на викендот

Слободен печат

Жителите на „Жданец” и „Трнодол” вечерва без вода

Слободен печат

Министерство за здравство демантира дека Филипче прикрил 20- тина случаи со ковид-19

Слободен печат

Кандидатите за ректор на УКИМ бараат да прекине постапката за избор на ректор

Слободен печат

Велика Британија е втора земја во светот со повеќе од 40 илјади смртни случаи од Ковид-19

Слободен печат

Во Италија се зголемува бројот на новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Обраќање на Николовски: Сите имаме мајки, роднини и блиски кои може да го загубат животот од овој вирус

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Троцифрена бројка на заразени, а Филипче и Заев ни велат ја победиле заразата

Слободен печат

Американските милијардери пандемијата ги направи побогати за 565 милијарди долари

Слободен печат

Пекевски: Берово е отворен град за туристите, но секој мора да носи заштитна маска

Слободен печат

СЗО: Луѓето да носат маски од ткаенина на лице, а не медицински маски

Слободен печат