Мицкоски: Обновата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повисок стандард за граѓаните и повисоки плати за 25 отсто

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Кавадарци од каде што истакна дека денеска во Македонија сите граѓани живеат мачна и сурова реалност, тие се безнадежни и многумина ја имаат изгубено вербата во системот, а својата среќа си ја бараат надвор, но тоа после 15 јули станува минато бидејќи доаѓаат политичари кои имаат визија, знаат како се работи и ќе ја обноват Македонија.

Мицкоски истакна дека СДСМ цели три години тргуваа преку „трас трас“ судски одлуки, уценуваа во името на правдата.

– Ние нема да чекаме три години, туку ние ви ветувам господа од СДСМ дека во првите 6 месеци секаде онаму каде што има основа за сторен криминал и корупција ќе одговарате, нема да чекаме 6 месеци, веднаш од првиот ден, истакна Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку програмата Проект Обнова со над 1000 проекти, се обврза на  повисок стандард со зголемени најмалку 25% на платите, зголемен стандард за пензионерите, со најмалку 20% на нивните пензии и враќање на старото законско решение, повеќе од 1000 километри патишта и најмалку еден Универзитет  во првите 1000 на Шангајската листа, а за секој работодавач за млад човек до 29 години нема да плаќа данок при прво вработување, а се обврза и на рамен данок од 8% најнизок во Европа

– Нема да имаме криминални иновации, ќе имаме вистински стимул за претприемачите,  намалување на царинските давачки, тоа е она на кое што ние се обврзувам. Најмалку 640 милиони евра во еден мандат субвенции за земјоделците  и редовен пласман на родот, да не ни се случува како во Ресен да ги сечат јаболкниците, да не ни се случува во Пијанец и Малешевијата да ги истураат сливите, Пелагонија да остане необрана, да не ни се случи праските и кајсиите да се истураат во Росоман, а раноградинарските култури да останат  на нивите и да не се случи лозарите да бидат незадоволни, изјави Мицкоски

Мицкоски истакна дека е доста распродавање на честа достоинството и македонштината. Додаде  дека за Гоце Делчев нема преговарање бидејќи Гоце Делчев е нашата светост и ништо нема да ја натера владата на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од тоа Гоце Делчев да биде Македонец ниту ќе се откаже од македонскиот јазик

Мицкоски за крај пред кавадарчани се обврзува на чесна и честита работа и дека сето она кое што е напишано во проектот обнова сето тоа ќе биде исполнето, секое ветување ќе биде исполнето, а ќе даде се од себе и повеќе од тоа. За да се исполни тоа тој ги повика на 15 јули масовно да се излезе и да се поддржи Александар Николоски и обновата која ја носи ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот