Мицкоски: Никој веќе не му се плаши ниту на Заев, ниту на Спасовски, ниту на Шеќеринска

На 15 јули ние не бираме политички партии и коалиции, не бираме етникуми и верски различности или сличности. Ние на 15 јули бираме концепти, заокружуваме за каков концепт нашата Македонија сакаме да ни се развива, дали концептот кој што го нуди СДСМ, Зоран Заев или концептот кој што го нуди ВМРО-ДПМНЕ предводник на Коалицијата за Обнова на Македонија. Дали се уште сакаме да гледаме во нашата политика луѓе кои од транзицијата ги гледаме во тие пратенички клупи, луѓе кои со децении за пљачкосуваат, ја обесправуваат нашата Македонија или луѓе кои имаат свежи идеи, идеи кои се всушност за напредок на нашата Македонија, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски при своето обраќање во Гостивар потенцираше дека секој од нас треба дa има на ум дека втора шанса може нема имаме и дека оваа шанса сега мораме силно да ја искористиме за да не биде како во 2016 години кога истиот тој човек со раката на срце, главата наведната па ќе зборува за жицата, за племето, изгубен ќе талкал, а се што ќе вети спротивно ќе направи.

– Да не биде некажано, да не биде предупредено. 15 јули е помеѓу тој концепт и овој концепт кој што ние го нудиме. Концептот на срам и криминал или концептот на чест, честитост и гордост. Сите ние ќе се обединиме на 15 јули и ќе му се спротивставиме на овој предизвик масовно. Тешко допрва доаѓа после 15 јули. Потоа ќе треба да си ја градиме Македонија затоа што оваа нивната Македонија заедно со Заев и нивното раководство на СДСМ заминува на темната страна на политичката историја, кажа Мицкоски.

Претседателот потсети дека СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа дека ќе дојде правда, па потоа велеа дека ќе стават бројчаници во центарот на главниот град, за да ги вратат украдените пари. Ни ништо од тоа не направија туку се здружија со тие кои денеска им се коалициони партнери, а порано ги нарекуваа режим. Мицкоски во врска со ова порача дека сите ќе одговараат од прв до последен зошто не може да има држава ако не се знае кој се богател на грбот на граѓаните.

– Јас сум убеден во мудроста и одлучноста на народот, народот повеќе не се плаши, тоа го гледам од Охрид еве сега и во Гостивар еве сега народот е на улица и народот ја поддржува победничката коалиција, коалиција за обнова на Македонија. Никој веќе не му се плаши ниту на Зоран Заев, ниту на Спасовски, ниту на Шеќеринска. Народот е на улица и ја поддржува нашата коалиција. Доста беше можеме, затоа што тоа можеме е можевме. Тоа можевме е завршено минато време. Доаѓа сега исправена Македонија и достоинствена Македонија. Драги гостиварчани радувајте се зошто за помалку од две недели од денеска ќе ги поразиме силно, ќе победи обновата. Мора да си обновиме Македонија онаква каква што сакаме да биде, за онаа Македонија за која сите заедно сонувавме, укажа Мицкоски.

На крајот од своето обраќање Мицкоски говореше за Проектот„ Обнова” која е создадена на 360 страни и во неа може да се најдат проектите на ВМРО-ДПМНЕ за наредните години како што се предвидени 25 проценти повисока просечна плата, минимум 20 отсто поголеми пензии, минимум нови 1000 километри и реконструирани локални и регионални правци, најмалку еден универзитет во првите 1000 според Шангајската ранг листа и уште многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот