Мицкоски: Нема да имам концесија ни кон Никола Груевски

Не му верувам ниту на „Сваровски“ судството, но ниту на ова „Луј Витон“ судство, туку на судство со кое ќе раководат професионалци и ќе се цени квалитетот, а не родбинските врски, не по тефтерчиња, не по нешто што денеска е реалност, но и по она што било порано познато како „Сваровски“ судство. Затоа велам ниту тоа, ниту ова денеска „Луј Витон“ судство, изјавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Слободен печат“.

Нема да има мој и твој двор вели Мицкоски, оној што се огрешил пред законот, ќе мора да одговара без разлика од кој двор доаѓа.

– Ајде да го измениме Уставот со подршка на сите политички партии и нека бираат граѓаните јавен обвинител на непосредни избори. Ајде таква реформа да направиме, да не го нуди ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ, да нема комромиси, туку јавен обвнител кој граѓаните ќе си го изберат.

Ајде да договориме да не старее економскиот криминал, и да не биде само избрано или именувано лице. Да видиме што се случува во бизнисот, во администрацијата, во правосудството. Ние имаме административци со по неколку станови, вили, возила стекнати со плата. Да видиме како ги стекнале. Имаме судии и обвинители кои располагаат со сериозни имотни листови. Да учиме на успешни примери како оној од Естонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе нема концесија кон никого – вели Мицкоски во интервјуто.

На прашањето, дали тоа го вклучува и Никола Груевски, Мицкоски рече:

– Вклучувајќи го…секого, кога велам никого, мислам на никого, нула!

На прашањето, дали Христијан Мицкоски ќе биде премиер на Република Северна Македонија и што ќе направи со Преспанскиот договор, лидерот на опозицијата вели:

– ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во тој договор за кој мислиме дека е штетен. Тој не е решение за проблемите кои ги имаме со нашиот јужен сосед. Овие договори им овозможија на нашите соседи да стекнат одредени права. Доколку ние освоиме осумдесет пратеници и доколку имаме Бадентер, значи два неопходни услови за еднострано да ја ревидираме содржината, тогаш можеме да донесеме политичка одлука да одиме чекор назад. Но доколку овој математички услов не е исполнет, единствено нешто што ни преостанува е Македонија да ја ставиме на брза трака, да станеме дел од европското семејство на народите па одвнатре да ги менуваме работите.

Ако ме прашувате за реалноста, јас сум универзитетски професор, плата земам од Министерството за финансии со новата придавка. Работам во Универзитет кој својот статус го направил така во согласност со Министерството за образование на државата со новата придавка, плаќам данок и затоа не би бил искрен кон гласачите како некои други политичари кои се колнеа во жица, талкаа изгубени низ времето, го бараа семето, се колнеа во најмилото и потоа направија спротивно. Јас сум различен.

Целото интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ погледнете го на Слободна ТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот