Мицкоски негира дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи договорот за добрососедство со Бугарија

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека се лажни вестите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи договорот за добрососедство со Бугарија.

Вчера вечер беше објавена снимка каде Мицкоски имаше средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а на снимката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе поддржи се што е добро за Македонија за Бугарија.

Мицкоски изјави дека на средбата со Борисов се разговарало за меѓусебна соработка на двете земји за работи кои се прифатливи за државата, но и за „резолуцијата со која се негира посебноста на македонскиот јазик, лик и дело на Гоце Делчев“ што за Мицкоски е неприфатливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот