Мицкоски: Не сум однел снимки од „Рекет“ во Будимпешта

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Макфакс“ вели дека ги продал уделите од седум проценти во хидроцентралите за кои Антикорупциската комисија отвори предмет.

Мицкоски рече дека не однел снимки во Будимпешта од домот на Орце Камчев од аферата „Рекет“ и дека тоа се „злонамерни шпекулации“.

„Со Груевски немам комуникација откако ја напушти Македонија, а со господинот новинар не се познавам“, рече Мицкоски.

Орце Камчев, како што рече, не донирал пари за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа дали добил снимки за случајот „Рекет 2“ од осомничениот Зоран Милевски – Кичеец, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не беше конкретен и рече „можеби поседуваме, можеби не“.

Мицкоски рече дека e горд што не учествувале во Преспанскиот договор и дека ќе понесат одговорност ако ги изгубат изборите:

„Се разбира, да. Ќе понесам одговорност доколку тие избори бидат фер, транспарентни, да, ќе понесам одговорност и ќе поднесам оставка. И не само тоа. Ќе одам и чекор понатаму. Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада, и тогаш ќе понесам одговорност“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот