Мицкоски: Не прифаќаме избори на 5 или 8 јули

За ВМРО-ДПМНЕ прва возможна дата кога тоа би било можно е средината на јули, рече Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на изборите доколку тие се одржат на 5 или 8 јули, изјави денеска на прес конференција лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

За ВМРО-ДПМНЕ прва возможна дата кога тоа би било можно е средината на јули, рече Мицковски. Тој упати ултиматум до СДСМ до крајот на денот да се предомислат, инаку земјава ќе е во криза.

– Ќе имаме избори кога ќе имаме јасни протоколи за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Ако сака да оди на избори, нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од тие избори ниту на 5 ниту на 8 јули. На состанокот кај Пендаровски се слушаше само 8 јули. Ние имаме два услови, јасни протоколи за здравјето на граѓаните, а втор е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна на изборите. Тоа што го соопшти денес ОБСЕ/ОДИХР е невозможно да се случи. Доколку ОБСЕ/ОДИХР ја воспостави мисијата денеска, тогаш кампањата може да почне утре. Од она што можам да го видам е дека ОБСЕ/ОДИХР нема да праќа набљудувачка мисија туку оценувачка мисија. Тоа е степен подолу од набљудувачката мисија. Според ОБСЕ/ОДИХР тоа ќе бидат седуммина. А најрано можат да дојдат е 17 јуни, а не порано од 22 јуни, што значи дека ако одлучи Зоран Заев и СДСМ да води избори на 5 и 8 јуни ќе започнат без мисија на ОБСЕ/ОДИХР што е надвор од вредностите на Европската Унија – додаде Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот