Мицкоски: Не прифаќам амнестија (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Македонија се гуши во силни криминални стеги. Секоја пора во општеството е силно криминализирана, преку активно учество на власта. Нема граѓанин кој не е согласен со фактот дека криминалците остануваат неказнети и дека нема правда. А, отсуството на правда значи присуство на неправда. Сето ова покажува дека нема правен систем кој ќе се спротивстави на криминалниот октопод кој силно ја гуши Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој денес порача дена овде не се работи за политика, туку за срушен систем, за силно вклучен црвен аларм кој кажува дека Власта ја краде државата, а правниот систем е целосно девастиран.

– Секоја нова афера и скандал е поголем од претходниот. Нема разрешница ниту за скандалот кој самите го објавија за наводното прислушување на обвинители, нема истрага ниту за криминалните иновации, нема истрага ниту за градоначалникот кој тепаше вработен во својата канцеларија, за пратеникот кој набавуваше недозволена супстанца, кој наместо во обвинителство, шета како аналитичар по телевизиите. Нема истрага за набавката на системот за контрола на летање, ниту пак за тендерот за хеликоптерите за кои на никој се уште не му е јасно каде е економската логика за работа на овој проект, освен се разбира парите за кои има сомнеж дека треба да завршат во приватни џебови, за пуштањето од притвор на Катица, за одговорноста за бегството на убиецот на Нешкоски и редица други. И токму во овие моменти кога силно одѕвонуваат овие прашања, власта на маса ја става темата со Уставниот суд – вели тој.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот