17.8 C
Скопје

Mицкоски: Не поддржуваме насилство, бараме на осудените за 27 април одново да им се суди

Ако го набљудувате случајот на луѓето кои се осудени за тероризам, можеби Македонија е единствената држава во светот со толку терористи во затвор, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и не ја исклучува мжноста за нови протести по празниците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, негира дека неговата партија поддржува насилство, по обвинувањата од премиерот Зоран Заев дека протестот за осудените од крвавиот четврток, претставува соучесништво во настаните од 27 април. Мицкоски го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ бара повторно судење на обвинетите за овој случај.

„Она што ние го поддржуваме e правда. Никој не вели дека поддржуваме насилство. Напротив, во Македонија постои судска пракса, дел од случаите за кои има основано сомневање дека биле политички инструирани, да има повторно судење од почеток за да се аргументираат позициите на двете страни – на обвинителството и на лицата кои се обвинети. Тоа е она за кое што ние се залагаме,“ изјави Мицкоски.

 

Мицкоски не ја отфрли можноста за повторно излегување на протести, но најави дека за тоа ќе се дискутира по верските празници Велигден и Бајрам.

„Ако го набљудувате случајот на луѓето кои се осудени за тероризам, можеби Македонија е единствената држава во светот со толку терористи во затвор. Ќе видите дека судијата кој ги изрече овие драконски казни е судија кој што како да полагаше устен испит пред да стане уставен судија“ додаде Мицкоски.

За време на викендот Мицкоски со раководството на ВМРО-ДПМНЕ беше дел од протестот под слоганот „Слобода за уставобранителите“, од каде порачаа дека осудените за тероризам се патриоти и побараа повторно судење.

 

Поврзани вести

Денес се празнува Ден на Светиот Дух – понеделникот по педесетница

Ирена Трајкова

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Остави Коментар