Мицкоски: Нашиот предлог е градба на клинички центар – трипати поевтин и пофункционален

ф

Проектот клинички центар не постои. Зошто велам дека не постои? Пред мене ја имам физибилити студијата изработена во 2019 година и има цели 35 страни и врз основа на оваа физибилити студија граѓаните треба да платат ни помалку, ни повеќе – 508 милиони евра. Тука не се внесени дополнителните трошоци кои се однесуваат на пристапни патишта, енергетско напојување, гасоводна инфраструктура, вода, канализација, имотно правни односи итн. И така овој проект може лесно да дојде до 550-600 милиони евра. Кога видовме дека станува збор за несериозен пристап, врз основа на податоци од 2009 година кога воопшто пандемија со ковид немаше. После ковидот пристапот генерално во здравството е сменет, рече Мицкоски во своето гостување во Дневникот на МРТ.

Тој информираше дека неговата партија дала идеен проект и укажа дека треба да се искористат податоците од Банката за инвестиции на Европа врз основа на што е добиен кредит за изградба на клинички во 2016 -2017 година кој е и поевтин 4-5 пати.

– Оттука го предложивме платото кое се наоѓа помеѓу поранешна Воена болница, сегашна 8 септември и Румунска и каде ќе изградиме нова зграда за да ги поврземе овие објекти. Зошто? Затоа што ова место има инфраструктура, има пристап од три булевари – 8 септември, Илинденска и Партизанска и ова е предложено на тет-а тет средбата со Заев, но до овој момент нема ништо, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против нов клинички, туку e против тоа „да ѝ се дадат на оваа корумпирана Влада пари на граѓаните и тоа 508 милиони евра за да прави нешто нереално“.

– Додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тоа нема да го поддржам. Но, ќе поддржам изградба на клинички центар кој ќе биде пофункционлен и најмалку трипати поевтин, кој ќе биде врвно издание во Европа. Тоа е она за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, ама треба да има проект, затоа што за оваа физбилити студија за која беше одобрен и кредит од Европска развојна банка е зошто четири години не се мрдна е друга работа. Од друга страна, ни поттурнуваат неколку листа хартија, податоци од 2009 година и се направено пред пандемија. Значи, да заклучам, да за клинички, ама не за 50 милиони евра за најкорумпираната влада во Европа, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот