Мицкоски најави: ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог за доверба на Владата во Собранието

– Ценам дека сите овие порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, мислам треба да кулминраат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозицискии партии ќе побара дебата за работата на Владата после овие 100 дена, или треба да се расправа за доверба на владата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување на ТВ 21 во емисијата „Клик плус”.

„Таму во Собранието ќе може да се слушнат аргументи. Тоа ќе биде одлично и за Османи, и за Димитров, и за Заев да кажат што сработиле и дали заслужуваат доверба или не”, рече Мицкоски.

Тој најави дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе до Собрание ваквото барање и неделата потоа ќе се отвори дебата во Парламентот.

-Да видиме кој што ќе каже, бидејќи силите во парламентот се пола-пола, кажа Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот