2 C
Скопје

Мицкоски на средба со Петир: Спорот со Бугарија е последица на нестабилната политика на Заев

Денес, во рамките на својата дипломатска активност, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Александар Николоски во Загреб остварија средба со пратеничката во Хрватското собрание, г-ѓа Маријана Петир, поранешна пратеничка во ЕП, основач на групата Пријатели на Македонија во Европскиот Парламент.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски се заблагодари на г-ѓата Петир за сиот нејзин труд, залагање и посветеност во промоција на интересите на Македонија и граѓаните на нашата земја.

– Народот е посебно благодарен за отворената поддршка која ја добиваме од Хрватска, но и од Петир како долгогодишен промотор на нашите стратешки интереси, истакна Мицкоски.

На средбата стана збор и за актуелните предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, спорот со Бугарија, како и економската и здравствена криза.

Прочитајте и...  Најмалку 14 лица загинаа при лизгање на земјиште во Авганистан

Мицкоски истакна дека Владата во Македонија не смее да преговара за идентитетските прашања кои се наследен и траен белег на нашата земја и народ.

– Спорот со Бугарија е последица на нестабилната, сервилна политика на Заев кој не водејќи сметка за државните интереси во преден план ги става личните интереси. Владата покажа дека не умее да затвара прашања во полза на земјата, туку отвора проблеми и спорови кои ја одведоа земјава во ќорсокак, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека сиромаштијата и корупцијата се едни од најзначајните проблеми на земјава, како и тоа дека ВМРО ДПМНЕ нуди перспектива, извесност и промена на политичкото мочуриште составено од политичарите од транзицијата.

– Македонија мора да се придвижи на патот кон ЕУ при што е важна и добредојдена поддршката од пријателите како што е Хрватска, истакна Мицкоски.

Прочитајте и...  Заев: Чест ми е што ја добив довербата, но со тоа расте одговорноста да се одблокира Собранието

Во текот на денот Мицкоски и Николоски ќе остварат средба со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Поврзани вести

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Слободен печат

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

Остави Коментар