Мицкоски на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Александар Николоски во Загреб остварија средба со премиерот на Република Хрватска, г. Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, г. Гордан Грлиќ Радман.

На средбата Мицкоски побара од Хрватска да го поддржи одблокирањето на европските интеграции на државата, посочувајќи дека покрај ветото од источниот сосед граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на чело со Зоран Заев која не може да испорача резултати.

Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите, истакна Мицкоски кој додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред.

Мицкоски се заблагодари на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината, и за рестартирање на општеството.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со ова ја заокружува дипломатската регионална посета каде за четири дена се виде и оствари значајни средби со тројца премиери: премиерот на Хрватска г-дин Андреј Пленковиќ, премиерот на Словенија г. Јанез Јанша, и премиерот на Унгарија г-дин Виктор Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот