Мицкоски на инаугурацијата на Пендаровски можел да присуствува само како пратеник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не бил поканет во Собранието на инаугурацијата на новиот претседател на државата Стево Пендаровски затоа што нема пракса на овој настан да се канат лидери на политички партии, објаснуваат од кабинетот на Талат Џафери.

– На инаугурациите на Ѓорге Иванов не бил поканет лидерот на опозициската партија, а ако бил присутен, тоа било затоа што бил пратеник – објаснуваат од кабинетот на Џафери.

Од Собранието додаваат дека носителите на високи државни функции се канеле по пресеанс листа, додека Министерството за надворешни работи ги поканило странските гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот