Мицкоски: На 15-ти јули доаѓа Обновата на Македонија и времето кога секој ќе одговара за сторен криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на собирот во Сопиште од каде што порача дека граѓаните мора да знаат што се направи СДСМ во изминатите три години.

Мицкоски истакна дека да се заблагодарува на сите кои од доцните осумдесети и раните деведесети години учествувале во создавањето на суверена и независна држава, фудбалска репрезентација, македонска армија, македонски банкноти.

Исто така Мицкоски се заблагодари на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ, на сите структури кои се двигател на партијата. Еден од најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ е исто така коалициониот партнер Љупчо Димовски кој со сите свои постапки покажа дека е ВМРО.

Христијан Мицкоски потенцираше дека ова се најважните избори, но не само поради тоа што пред нас е исправен најголемиот предизвик во врска со Ковид-19 вирусот, туку предизвикот за тоа во каква држава сакаме да живееме.

-Изборот на овие избори е историски. Одлуката е дали сакаме Македонија која ќе биде понижена и посрамена или Македонија со исправена кичма и гордо крената глава. ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја одбрани државата од сето зло кое сега СДСМ го нанесе на македонскиот народ, но и да ја одбрани честа на сите наши предци. ВМРО-ДПМНЕ преброди многу критики, но тие критики не направија помудри и посилни. На 15-ти јули уште во седум часот наутро ќе се наговести најголемата победа во историјата на Република Македонија. На 15-ти јули Сопиште ќе ја поддржи Гордана Силјаноска Давкова. Оваа апокалипса која што и се случува на Република Македонија мора да престане. Обврска на ВМРО-ДПМНЕ е да ја сопре оваа појава и да ја донесе обновата- рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот