Мицкоски: Можеби има поубави метрополи, но ова наше Скопје е најубавото!

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук по повод 26 јули – Денот на солидарност, посочува дека на овој ден треба да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани.

„Педест и седум години од катастрофалниот земјотрес. На овој ден да си спомнеме за оние кои ги загубија животите, но она што е поважно, да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани градот во кој живееме да се изгради, да никне од рушевините и да продолжи да се развива. Градот убав пак ќе никне. Можеби има поубави метрополи, но ова наше Скопје е најубавото!, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот