Мицкоски: Мора да се сочува унитарниот карактер на државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата на Телма зборуваше за унитарниот карактер на државата и посочи дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е најавено зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.

-Факт е дека има многу недоследности и недоречености во Уставот. Можеби сега е моментот кога тие работи ќе бидат потврдени бидејќи сите се залагаме за унитарен карактер на Македонија, дека нема да постојат во иднина било какви размисли за да се наруши тој унитарен карактер на државата. Мислам дека ова е одлична можност после овие избори да биде поддржана  буквално од сите политички партии во Парламентот да се направи таа измена и да сетоа тоа функционира и за во иднина практично  да биде водилка еве како ќе се води власта, потенцираше тој.

Мицкоски во своето гостување порача дека ако сите во државата се за унитарен карактер на државата и ако овој начин е пресликан од други современи држави не гледа причина тоа да не го поддржат и останатите етникуми во државата.

Тој посочи дека ако денеска некој се обидува етнички да ги мобилизира граѓаните според него тоа е суштинска грешка затоа што сите без разлика на етничките разлики, без разлика на верските разлики сите буквално имаат ист проблем.

-Ние не им е проблемот дали се Македонци, Албанци, Роми, Власи, Срби, Турци, Бошњаци. Да, тоа тие го чувствуваат и тие се горди на својата етничка припадност. Но, суштинскиот проблем е лошиот живот, економијата, корупцијата, тоа е суштината, порача Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот