Мицкоски мавташе со искази за „Рекет“

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната партиска прес-конференција откри дека до нив свиркач доставил искази за случајот „Рекет“, напоменувајќи дека во нив го нема неговото име, но има имиња на луѓе од власта, не сакајќи да открие детали. Зоран Заев денеска рече дека истрагата за „Рекет“ според неговото лично мислење води до Мицкоски.

-Нема да го тужам Заев но ќе го предупредам дека свиркач достави до нас искази на сведоци и вештачења и наредби за вештачења за случајот „Рекет“. Во нив го нема моето име, но има имиња на луѓе од власт – рече Мицкоски додека пред новинарите држеше во рака папка со документи.

Тој потенцираше дека овие докуемнт ќе ги објави, само доколку тој и неговата партија видат дека водењето на овој случај оди во друг правец.

Мицкоски: Заев предложи предметите на СЈО да ги преземе обвинител на предлог на опозицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот